МОСКВА И ВАШИНГТОН РАЗГОВАРААТ ЗА БАЛКАНОТ Лавров потврди дека Русија е отворена за дијалог со САД за балканските земји

Имаме поголеми можности за контакти со САД на Балканот, особено во однос на Босна и Херцеговина и другите земји во регионот, вели рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

231

Русија и САД одржуваат контакти во врска со Балканот и Москва е отворена за такви дискусии, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска на годишната прес-конференција, на која ги сумираше резултатите на руската дипломатија во 2025 година.

Лавров потврди дека постои дијалог со Вашингтон, но нагласи дека тој сè уште не донел видлив напредок.






– Такви контакти постојат, но тие сè уште не довеле до никакви позитивни или конкретни резултати. Сепак, ние сме отворени за тие контакти. Колку што можам да проценам, нашите американски колеги, исто така, се подготвени – истакна Лавров.

Имаме поголеми можности за контакти со САД на Балканот, особено во однос на Босна и Херцеговина и другите земји во регионот, додаде Лавров.

Во својот осврт на состојбите во Молдавија, рускиот министер оцени дека патот на Кишинев кон Европската Унија е деструктивен за земјата.

– Курсот на Молдавија кон зближување со ЕУ или би рекол „голтање“ од страна на Унијата, ја разрушува молдовската државност. Сè почесто се слушаат гласови дека обединувањето на Молдавија со Романија ќе биде најкраткиот пат кон членство во ЕУ – изјави Лавров, сугерирајќи дека Брисел има интерес од таквиот развој на настаните.

Поврзани содржини