Москва ги отфрла стереотипите за „руската трага“ во немирите во Белград
Очигледно, авторите на оваа дезинформација сакаат да останат во согласност со добро познатите стереотипи на нивните спонзори, кои насекаде ја гледаат „раката на Москва“.
Соопштениејата за наводната „руска трага“ во немирите во Белград се дезинформации насочени кон фрлање сенка врз руско-српското партнерство.
Министерството за надворешни работи на Русија го објави ова вечерва.
– Некои електронски медиуми известуваа за наводна„ руска трага“ во немирите во српската престолнина, што се случија на 7 и 8 јули. Очигледно, авторите на оваа дезинформација сакаат да останат во согласност со добро познатите стереотипи на нивните спонзори, кои насекаде ја гледаат „раката на Москва“. Ова е „наредба“ со низок квалитет што има за цел да фрли сенка врз руско-српското партнерство – пренесува агенцијата „ТАСС“.
Русија се надева дека насилството во Србија ќе биде запрено и што поскоро ќе се воспостават законот и редот, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
– Очекуваме дека насилството ќе престане што е можно поскоро, ќе се воспостави ред и стабилност во нашата пријателска Србија, како и дека ќе се воспостави социо-политичка дискусија за сите важни прашања со кои се соочува државата – велат од руското МНР.