МОСКВА Е ЗАДОВОЛНА ПО СОСТАНОКОТ ВО ИСТАНБУЛ Договорена е најголемата размена на заробеници од почетокот на војната

Шефот на руската делегација во Истанбул Владимир Медински изјави дека Москва е генерално задоволна од резултатите од состанокот со Украина, додека украинскиот министер за одбрана изјави дека била договорена размена на по 1.000 воени заробеници од двете страни без конкретен датум и дека било разговарано за прекин на огнот.

539

Москва е генерално задоволна од резултатите од состанокот со Украина и контактите ќе продолжат, изјавил шефот на руската делегација Владимир Медински по завршувањето на денешниот состанок во Истанбул, јави Анадолија.

– Русија и Украина се согласија да презентираат детални предлози за прекин на огнот – додал Медински.

 






Според агенцијата, Русија и Украина на состанокот договориле размена на по илјада воени заробеници, што е најголема размена од почетокот на војната, изјавил украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.

– Разговаравме за прашањето за прекин на огнот. И за прашањето за размена на затвореници. Резултатот е размена на 1.000 лица за 1.000. Тоа е резултатот од нашата средба – изјавил Умеров, пренесува Би-Би-Си.

Тој додал дека датумот на размена е утврден, но нема да биде објавен јавно.

Умеров исто така рекол дека е разговарано за потенцијална средба меѓу Володимир Зеленски и Владимир Путин и оти наскоро ќе биде објавено соопштение за можна нова рунда разговори.

Разговарани се и „сите модалитети“ за прекин на огнот, додал Умеров.

Поврзани содржини