МОСКВА ЌЕ ПРЕГОВАРА, НО ПОД НОВИ УСЛОВИ Путин му рекол на Ердоган дека е подготвен

Претседателот наведе дека Русија останува подготвена за преговори. Но, ситуацијата се промени, а исто така и условите, посочи Песков.

503

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, во разговор со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган истакнал дека Москва останува подготвена за преговори со Украина, но оти ситуацијата и условите се променети.

– Претседателот наведе дека Русија останува подготвена за преговори. Но, ситуацијата се промени, а исто така и условите – посочи Песков.






Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу вчера изјави дека Путин му рекол на Ердоган дека постои можност да се врати на преговорите со Киев, но под нови услови. Муабетот меѓу Путин и Ердоган според Чавушоглу се случил на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка.

Поврзани содржини