МОСКВА ЌЕ ГИ ОБЕДИНУВА ХАМАС И ИСЛАМСКИ ЏИХАД? Закажан голем меѓупалестински состанок во врска со Газа

Според специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин, целта на Москва е да им помогне на различните палестински сили да се договорат за обединување на нивните сили во политичка смисла.

390

Меѓупалестински состанок треба да се одржи во Москва од 29 февруари до први или 2 март, а поканети се претставници на милитантните групи од Појасот Газа – Хамас и Исламски џихад, изјави специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за Блискиот Исток и Африка и заменик министер за надворешни работи Михаил Богданов.

– Ги поканивме сите палестински претставници – сите политички сили кои имаат свои позиции во различни земји, вклучително и Сирија и Либан и другите земји во регионот – изјави Богданов за ТАСС.






Тој додаде дека составот е приближно ист како и на претходните две меѓупалестински средби, односно поканети се 12 до 14 организации.

Според Богданов, целта на Москва е да им помогне на различните палестински сили да се договорат за обединување на нивните сили во политичка смисла.

– Поаѓаме од фактот дека Палестинската ослободителна организација беше и останува легитимен претставник на палестинскиот народ, тоа беше прифатено и од меѓународната заедница и од нас – додаде Богданов.

Поврзани содржини