МОСКВА ЌЕ ДОЗВОЛИ ИНСПЕКЦИЈА ВО НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ Захарова ја советува ЕУ да се воздржи од „несоодветни изјави“

Захарова вели дека официјален Киев ги разбира „несоодветните изјави од ЕУ“ како „зелено светло“ за создавање пречки за пристигнувањето на мисијата на МААЕ во Запорожје“.

258

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека Русија ќе направи сè што е потребно експертите од Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ) да ја посетат нуклеарната електрана Запорожје.

Таа ги осуди „обидите да се попречи пристигнувањето на мисијата“.






– Остро ги осудуваме обидите да се попречи пристигнувањето на мисијата. Во тесна соработка со МААЕ и нејзиното раководство, ќе направиме сè што е потребно експертите на Агенцијата да ја посетат нуклеарната централа и да дадат вистинска оценка за деструктивните дејствија на украинската страна – рече Захарова.

Таа додаде дека официјален Киев ги разбира несоодветните изјави од ЕУ“ како „зелено светло“ за создавање пречки за пристигнувањето на мисијата на МААЕ во Запорожје“.

Поврзани содржини