МОРТУС ПИЈАН ВОЗЕЛ МОТОЦИКЛ Кичевчанец фатен со 3,15 промили, без возачка и без регистрација
Од МВР велат дека пијаниот возач бил исклучен од сообраќај и изречени му се соодветни санкции.
Полицијата во Кичево запрела возач на мотор кој возел со 3,15 промили алкохол во крвта, без регистрација и возачка дозвола, соопшти МВР.
– Денеска (28.04.2022) во 14.10 часот во Кичево од страна на полициски службеници од ОВР Кичево сопрен е мотоцикл „хамачи“, управуван од А.А. (34) од Кичево и при извршено алкотестирање измерени се 3,15 промили алкохол. Исто така, утврдено е дека не поседува возачка дозвола и мотоциклот е нерегистриран – велат од полицијата.
А.А. е исклучен од сообраќај и изречени му се соодветни санкции.