МОРТУС ПИЈАН СЕДНАЛ ЗАД ВОЛАН На возач од Ресенско му биле измерени 4,07 промили алкохол (ФОТО)

Овој возач ќе заработи глоба во износ од 375 евра во денарска противвредност затоа што кај него е утврдена содржина на алкохол во крвта од 2,01 г/кг и повеќе. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од 12 месеци, под услови и начин утврдени со закон.

351

Во текот на вчерашниот ден кај еден возач на подрачјето на с.Перово, ресенско, при контрола од страна на полициски службеници биле измерени 4,07 промили алкохол.

Според законот за Безбедност во сообраќајот на патиштата овој возач ќе заработи глоба во износ од 375 евра во денарска противвредност затоа што кај него е утврдена содржина на алкохол во крвта од 2,01 г/кг и повеќе. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од 12 месеци, под услови и начин утврдени со закон.






Инаку во текот на вчерашниот ден СВР Битола продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија СВР Битола изречени се 59 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 7 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 10 мерки за непрописно паркирање, една мерка за некористење на сигурносен појас.

– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – велат од СВР Битола.

Поврзани содржини