МОРТУС ПИЈАН ЛУДУВАЛ НИЗ ТЕТОВО Скопјанец „дувнал“ 2,15 промили, полицијата го привела
МВР информира дека лицето било веднаш лиишено од слобода, а по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.
Полициските службеници во Тетово привеле 42-годишен возач од Скопје кој управувал возило под дејство на алкохол. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 7 април 2025 година, околу 14:10 часот на улицата Маршал Тито во Тетово.
При контрола на патниот сообраќај, полицијата запрела патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Д. (42) од Скопје. По извршената проверка, било утврдено дека возачот има дури 2,15 промили алкохол во крвта, што е значително над законски дозволената граница.