Две сестри и брат од Лондон преживеале удар од гром под дрво.
Меѓутоа, она што нивната приказна ја прави посебна е тоа што успеале да снимат селфи точно во моментот кога ги удрил гром.
Изабел, Рејчел и Ендру Џобсон запреле со возењето велосипед, за Рејчел да оди во тоалет, а нејзините сестра и брат пронашле засолниште од силниот дожд под стеблото.
Сестрите и братот уживале во возењето велосипед на дождот, па одлучиле да го овековечат моментот со една фотографија, пишува ИФЛ Саенс.
Меѓутоа, Мајката природа имала други планови. Како што им е познато на сите, стоењето под дрво за време на грмотевици е опасно, бидејќи громот бара пат до најмалиот отпор, а тоа е често највисокиот објект на одредено подрачје.
Громот ги погодил братот и едната сестра, ги соборил на земја и ги повредил.
– Одеднаш се најдов на земја и не можев да слушнам ништо освен пиштење. Целата десна рака ми беше вкочанета и не можев да ја помрднам – изјавила Рејчел за Би-би-си.
Децата биле однесени во болница откако ги забележале случајни минувачи. По лекувањето од изгореници, братот и сестрата биле пуштени дома, без никој од нив да биде тешко повреден.
Wow. Isobel Jobson’s photo as they are struck by lightning. pic.twitter.com/3u01sBqq7C
— Kid Narco (@KidNarco) July 13, 2021
ФОТО: Инстаграм