Морничави детали за смртта на внукот на Елвис Присли: Се самоубил пред девојката, на истото место како и славниот дедо
Бенџамин Кио (27), внук на рокенрол легендата Елвис Присли, се самоуби во својата вила во Калабасас. Внукот на рокенрол легендата беше пронајден со прострелна рана од сачмарка во градите. Полицијата соопшти дека станува збор за самоубиство, но некои околности сè уште не се јасни.
Синот на Лиса Мари Присли, ќерка на Елвис и Присила Присли, која го доби во бракот со музичарот Дени Кио, а со кого ја има и ќерката Рајли, се самоуби на роденденската забава на неговата девојка Дијана Пинто и зетот Бен Смит-Питерсон.
„Немој да го правиш тоа!“
Полицијата пристигнала околу 6 часот наутро и го пронашла телото на Бенџамин во бањата. Бенџамин се заклучил во едно од трите купатила и се застрелал во главата.
Во шокантниот пресврт на настаните, полицијата од Лос Ангелес открила дека обдукцијата покажала дека Бенџамин ја отворил устата и го повлекол чкрапалото, така што тој се застрелал во главата, а не во градите, како што првично било заведено во документите.
Она што е можеби уште пошокантно е дека местото на кое Бенџамин се убил, е тоалетот, истото место на кое во 1977 година бил пронајден мртов неговиот славен славен дедо, Елвис Присли.
Останува непознато дали со самоубиството во бањата, Бенџамин на некој начин сакал да потсети на својот дедо, особено со оглед на фактот дека Лиса Мари, неговата мајка, отсекогаш ја истакнувала сличноста помеѓу нив двајца, и тоа не само физички.
Понатаму, странските медиуми наведуваат дека соседите, по убиството и по пристигнувањето на полицијата ја слушнале Пинто како разговарала со еден од полицајците и рекла дека се плаши дека семејството на Бенџамин ќе ја мрази, па дури и ќе ја обвинуваат за неговата смрт.
Тоа, секако, не се случило, а Пинто неколку дена подоца беше видена како напушта еден хотел во Беверли Хилс заедно со мајката на Бенџамин, држејќи се за раце.
Девојката која очигледно знае што точно се случило со Кио, од момчето со кое била 4 години во врска, помеѓу останатото се опростила со зборовите:
„Не можам да го замислам својот живот без тебе.“
ФОТО: Инстаграм