МОРНИЧАВА ФОТОГРАФИЈА Со помош на Гугл по 20 години пронајденo исчезнато лице (ФОТО)
Исчезнувањето на Вилијам Молт (40) се истражува од 8 ноември 1997 година, но полицијата по некое време остана без трага, пренесува Дејли Стар.
Посмртните останки на исчезнат маж од Флорида се пронајдени во езеро по речиси 20 години.
Мистеријата конечно беше решена кога потонатиот автомобил беше пронајден со помош на технологија – „Google Earth“.
Исчезнувањето на Вилијам Молт (40) се истражува од 8 ноември 1997 година, но полицијата по некое време остана без трага, пренесува Дејли Стар.
Ништо не се знаеше за него со години, сѐ додека еден човек не забележа потонат автомобил на „Google Earth“ и не ја известил полицијата.

Неодамнешните извештаи тврдат дека сателитските снимки од возилото се достапни на „Google Earth“ од 2007 година, но дека никој досега не наишол на нив.
Кога полицијата пристигнала на местото на настанот во Велингтон, во близина на Палм Бич, открила дека автомобилот долго време бил во вода, имајќи ја предвид состојбата во која се нашоѓал.
Откако возилото било извлечено од езерото, остатоците биле пронајдени во него, а судскиот вештак потврдил дека припаѓаат на исчезнатиот Молт.
„The Charley Project“, онлајн база на податоци што собира податоци за случаи во САД, вели дека автомобилот можеби бил видлив на мапите на „Google“ повеќе од 10 години.
Според извештајот за исчезнатите лица, Молт го напуштил ноќниот клуб кога последен пат бил виден жив.
Околу 21:30 часот, тој се јавил на девојката и ѝ рекол дека е на пат кон дома, но тој никогаш не стигнал таму.
Локалните медиуми пишуваа за него како повлечен човек кој не пиел често, но испил неколку пијалоци во барот таа вечер.
Меѓутоа, ноќта кога исчезнал, тој не изгледал како пијан и сам го напуштил клубот.
Се верува дека Молт изгубил контрола над возилото и влетал во езерото.