МОРБИЛИТЕ ПРИСТИГНАА ВО БЕЛГРАД 14-годишно дете е заразено со мали сипаници

Малите сипаници (морбили) се заразна болест на дишниот систем предизвикана од вирус од родот Morbillivirus. Почесто се јавува кај малите деца одошто кај бебињата кои се заштитени од мајчиниот имунитет.-Тоа не е само лична, туку и колективна одговорност на родителите кои го одложуваат вакцинираањето на своите деца или воопшто не сакаат да ги вакцинираат - објаснува Беговиќ.

411

Во Белград е регистриран првиот случај на мали сипаници (морбили) од почетокот на годината, потврди епидемиологот Ивана Беговиќ Лазаревиќ од Белградскиот градски институт за јавно здравје.

Д-р Лазаревиќ изјави дека вчера колешка од Инфективната клиника пријавила сомнеж за мали сипаници.






– Станува збор за 14-годишно дете кое не е вакцинирано со вакцината МРП (морбили, рубела и паротитис) – изјави Беговиќ.

Беговиќ тврди дека вистинската бројка на заболени секогаш е поголема бидејќи сите не се тестираат.

Таа упати апел до родителите да си ги вакцинираат децата бидејќи ако не ги вакцинираат, ќе ги доведат во ризик и другите кои не можат да се вакцинираат поради оправдани причини.

– Тоа не е само лична, туку и колективна одговорност на родителите кои го одложуваат вакцинираањето на своите деца или воопшто не сакаат да ги вакцинираат – објаснува Беговиќ.

Што се малите сипаници?

Малите сипаници (морбили) се заразна болест на дишниот систем предизвикана од вирус од родот Morbillivirus. Почесто се јавува кај малите деца одошто кај бебињата кои се заштитени од мајчиниот имунитет.

Првите симптоми се треска, температура на 40 Целзиусови степени, кашлица, течење на носот, воспалени очи и црвен осип на лицето. Осипот се проширува на телото 3-5 дена по почетокот на симптомите.

Пневмонијата и воспалението на средното уво се чести компликации. Во екстремни ситуации може да се јават слепило и/или вирусен менингитис.

Малата сипаница се пренесува по воздушен пат преку кашлица и кивање, контакт со плунка или преку назален секрет.

Стекнатиот имунитет е траен и повеќето не заболуваат повторно. Вакцината против морбили ги намалила смртните случаи од морбили за 75% во периодот меѓу 2000 година и 2013 година, а 85% од децата во светот моментално се вакцинирани.

Поврзани содржини