📽️ МОРБИДНО СЛАВЈЕ ВО КНЕСЕТОТ, МИНИСТЕР ДЕЛЕЛ БАКЛАВА Израел воведува смртна казна за палестински затвореници

Законот, изгласан со 39 гласа „за“ и 16 „против“ од вкупно 120 членови, овозможува егзекуција на секој кој „со намера или поради омраза“ убил израелски државјанин. Нема да биде дозволено ниту намалување на изречената казна, според Израелската радиодифузна управа (КАН).

288

Во сцена што ги шокираше дури и израелските медиуми, министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир во понеделникот делел баклава на пратениците во Кнесетот, веднаш по изгласувањето на предлог-законот за воведување смртна казна за палестински затвореници.

Со овој потег, Бен Гвир направил морбидна паралела со палестинскиот обичај за делење слатки за големи настани, јави Анадолија.






Законот, изгласан со 39 гласа „за“ и 16 „против“ од вкупно 120 членови, овозможува егзекуција на секој кој „со намера или поради омраза“ убил израелски државјанин. Нема да биде дозволено ниту намалување на изречената казна, според Израелската радиодифузна управа (КАН).

Меѓутоа, расправата била бурна. Арапскиот пратеник Ајман Оде се судрил со Бен Гвир, а нивната вербална кавга за малку не прераснала во физичка пресметка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wear The Peace® (@wearthepeace)

Бен Гвир, лидер на екстремно десничарската партија „Еврејска моќ“, го прославил исходот со објава на мрежата Икс:

„Еврејската моќ создава историја. Ветивме и го исполнивме ветувањето. Законот за смртна казна за терористите го помина првото читање“, напиша тој.

Повеќе групи за човекови права остро го осудија потегот, нарекувајќи го расистички и опасен преседан што ќе ја продлабочи дискриминацијата врз Палестинците. Според нив, ова е уште еден чекор во системското понижување на палестинското население.

Овој закон доаѓа во време кога израелските воени операции продолжуваат и во Газа и на Западниот Брег, при што повеќе од 10.000 Палестинци, меѓу нив и жени и деца, се во затвори и подложени на тортура и медицинско занемарување, што веќе предизвикало бројни смртни случаи, според организациите за човекови права.

 

Поврзани содржини