МОРАЛА ПОСТОЈАНО ДА НОСИ БЕЖ ХУЛАХОПКИ Меган Маркл открива кои кралски правила ја нервирале најмногу

Војвотката од Сасекс никогаш не криела колкаво олеснување чувствувала кога го напуштила кралското семејство, со кое не можела да се чувствува „пријатно во сопствената кожа“.

237

Во ново интервју, 44-годишната Меган Маркл открила дека за време на нејзиниот престој во британското кралско семејство морала да следи одредени правила кои не ѝ одговарале и не ѝ делувале искрено.

Бројни ограничувања






Во интервју за емисијата „The Circuit with Emily Chang“ на Блумберг, емитувана истиот ден кога на Нетфликс беше објавена втората сезона од нејзината серија „With Love, Meghan“, поранешната актерка се потсетила на времето пред таа и принцот Хари да ги напуштат кралските должности во 2020 година.

– Тогаш не можев да бидам толку гласна. Морав постојано да носам беж хулахопки, што беше смешно бидејќи не ги имав видено од 80-тите. Ми се чинеше неавтентично, иако беше мала работа, рекла војвотката низ смеа.

Таа додала дека сега може да ја избира својата облека, да го каже она што го мисли и да се однесува природно, што го опишува како „чувство на удобност во сопствената кожа“.

Не ѝ било дозволено да се истакнува

Во документарецот на Нетфликс од 2022 година „Хари и Меган“, Меган веќе зборуваше за прилагодувањето на нејзината облека за да се вклопи во семејството.

– Поголемиот дел од времето во Обединетото Кралство, ретко носев бои. Никогаш не ми беше дозволено да носам иста боја како Кралицата или некој од постарите членови на семејството, па затоа избирав неутрални тонови за да се вклопам и да не привлекувам внимание, објаснила таа.

Поврзани содржини