МОРА ИТНО ДА СЕ ИСПОРАЧА ПОМОШ ЗА ГАЗА Договорот го отвори патот за хуманитарна акција

Нашите тимови се целосно мобилизирани за масовно движење на камионите и спасување животи, напиша координаторот за хуманитарна помош во ООН.

66

Заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања и координатор за итна помош Том Флечер повика на итна испорака на помош за Газа по постигнатиот договор за првата фаза од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп.

– Одлична вест. Да ги ослободиме заложниците и да ја испратиме помошта – веднаш, напиша Флечер на X.






– Нашите тимови се целосно мобилизирани за масовно движење на камионите и спасување животи, додаде тој.

Флечер истакна дека работниците на ОН имаат потреба од безбеден пристап и дека организацијата ќе објавува редовни ажурирања за сите случувања.

EPA/MOHAMED HOSSAM
Поврзани содржини