🎥 МОРА ДА ЗНАМ КОЈ ГО УБИ МОЕТО ДЕТЕ! Мајка на еден од загинатите од настрешницата во Нови Сад почна штрајк со глад

Не сум терорист, не сум криминалец, јас сум мајка која бара правда. Три дена ме прогонуваа, денес ме бркаа по автопат, но нема да се откажам - рече Дијана Хрка, мајка на загинатиот Стефан.

803

Дијана Хрка, мајка на Стефан (1997), кој е меѓу загинатите во трагедијата во Нови Сад, на денешниот комеморативен собир најави дека почнува штрајк со глад пред зградата на Собранието во Белград. Пред илјадниците присутни на собирот кај железничката станица во Нови Сад, таа порача дека ова е борба која мора да ја истера докрај.

– Ова е мојата борба која мора да ја истерам докрај. Ја почнувам оваа борба сама. Се оградувам од студентите и почнувам штрајк со глад. Морам да го направам ова бидејќи е моја обврска. Морам да знам кој го уби моето дете, кој уби 16 луѓе. Мора некој да одговара за ова. Ќе штрајкувам со глад пред Собранието во Белград – изјави Дијана Хрка.






Taa бара од надлежните да го завршат случајот, сите инволвирани да бидат процесуирани, сите сведоци да бидат сослушани.

– Не сум терорист, не сум криминалец, јас сум мајка која бара правда. Три дена ме прогонуваа, денес ме бркаа по автопат, но нема да се откажам. Сакам сите студенти кои се уапсени да бидат ослободени – изјави мајката на Стефан, кој загинапри падот на настрешницата во Нови Сад.

Дијана Хрка го повика српскиот претседател Александар Вучиќ да распише избори, а на студентите им заблагодари што, како што рече, ја одржуваат во живот.

– Денес е најтажен ден за сите нас, денес Нови Сад плаче, но јас се борам за веќе никогаш ниедна мајка да не заплаче, да не заплаче ниедна сестра, никој од нас никогаш да не заплаче – изјави Дијана, која планира да штрајкува со глад веднаш до тнр. Ќациленд, каде во шатори кампуваат поддржувачи на претседателот Вучиќ, како еден вид контрапротести на студентите.

Денеска во Нови Сад се одржа комеморативен собир во знак на почит на лицата што ги загубија животите по падот на натстрешницата на новосадската железничка станица што се случи на денешен ден пред една година. Животот го загубија 16 лица, а една од повредените сè уште е на болничко лекување. Истотака, денешниот ден во Србија е прогласен ден на жалост.

Поврзани содржини