МОРА ДА СЕ ОТСТРАНИ АМЕРИКАНСКОТО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ ОД ЕВРОАЗИЈА Лукашенко предложи план за глобална безбедност од четири точки

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, нагласи дека треба да се развие нов начин на контрола врз новите смртоносни технологии кои можат да го уништат целото човештво дури и без нуклеарно оружје.

482

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, изјави денеска дека нуклеарното оружје мора да се отстрани од евроазиската територија со цел деескалација на тензиите во светот.

– Првин, за вистинска деескалација и за почеток на дијалог, неопходно е да се отстрани американското нуклеарно оружје од територијата на Евроазија – рече Лукашенко на втората меѓународна конференција за евроазиска безбедност во Минск.






Според него, на второ место е елиминирањето на практиката на воведување незаконски санкции без одлука на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН).

– Трето, треба да се развие нов договорен и правен механизам за да се создаде транспарентен и разбирлив режим на контрола врз новите смртоносни технологии кои можат да го уништат целото човештво дури и без нуклеарно оружје – додаде Лукашенко.

Овој тип технологија, рече тој, вклучува ласери, хиперзвук, квантни електромагнетни системи и други напредни технологии.

Четвртата точка, додаде Лукашенко, е забраната за употреба на кибер-оружје.

Поврзани содржини