МОРА ДА ИМ СЕ ПОМОГНЕ НА МАЛОЛЕТНИТЕ ЗАВИСНИЦИ ВО ЗАТВОРИТЕ! Извештај за состојбите во казнено-поправните установи

Неопходно е да се обезбеди програма за третман на малолетни лица со растројства предизвикани од употреба на дроги, вклучително опијатни дроги и протоколи за третман за да се обезбеди хуман третман и отсуство на страдање од апстиненцијлните симптоми, се наведува во Извештајот.

37

Најгорливи проблеми во македонските затвори остануваат пристапот до здравствена заштита, образованието, корупцијата, супстандардните услови за живеење во некои од казнено поправните установи, како и немањето соодветни услови за имплементирање на програмите за ресоцијализација и за слободни активности на осудените лица, се вели во Извештајот на Хелсиншкиот комитет за состојбите и условите во казнено-поправните установи и воспитната установа 2022 година, подготвен во рамките на проектот „Борба против тортура и нехуман третман”, финансиски поддржан од Европската Унија. .

Извештајот содржи препораки за секоја казнено-поправна установа, како и генерални препораки за надлежните институции во насока на подобрување на состојбите и условите во казнено-поправните и воспитно-поправните установи.






Во Извештајот се препорачува Министерството за образование итно и неодложно целосно да го организира и финансира образовниот процес во ВПД, измена на член 16 став 3 од Упатството за дисциплинска одговорност за децата кои издржуваат воспитна мерка кој не дозволува детето да вложи жалба на решението за изречена дисциплинска мерка, Министерството за труд и социјална политика да преземе мерки со цел исполнување на обврските на надлежните центри за социјална работа за поддршка на децата кои издржуваат воспитно поправна мерка и нивна постпенална помош, судиите за деца е потребно да спроведуваат редовни посети во воспитно поправниот дом со цел да испитаат каков ефект има заводската мерка врз децата и нивната ресоцијализација.

Во препораките е посочено дека Министерството за здравство неопходно е да им овозможи на лекарите и медицинската сестра од ВПД пристап и работа во Националниот систем за електронски евиденции во здравството – Мој термин, обука на докторите од ВПД за превенција од дроги и превенција на зависност, вклучително јатрогена зависност од прекумерна употреба на седативи и хипнотици, како и за проценка и третман од дроги, вклучително опијати и други коморбидни психички состојби.

– Неопходно е да се обезбеди програма за третман на малолетни лица со растројства предизвикани од употреба на дроги, вклучително опијатни дроги и протоколи за третман за да се обезбеди хуман третман и отсуство на страдање од апстиненцијлните симптоми – се наведува во Извештајот.

Во Извештајот е посоченa потребата од долготрајното решавање на проблемот со пренатрупаноста вo казненопоправните установи, како и подобрување на родовата застапеност во рамки на вработениот персонал во казненопоправните установи.

 

Поврзани содржини