„МОРА ДА ГО ПРИФАТИШ ОНА ШТО ГО ЗНАЕШ УШТЕ ОД ПОЧЕТОКОТ“ Бен Афлек конечно проговори за разводот од Џенифер Лопез
Бен Афлек и Џенифер Лопез официјално се разведоа во август минатата година.
Бен Афлек и Џенифер Лопез официјално се разведоа во август минатата година.
Џенифер Лопез и Бен Афлек беа во врска на почетокот на 2000-тите и беа свршени, но пред венчавката раскинаа, како што изјавија, бидејќи не можеа да се справат со притисокот на медиумите.
Тие повторно ја разгореа својата романса 17 години подоцна и се венчаа во 2021 година, но по само две години брак, решија да стават точка на нивниот брак.
Џенифер и Бен не открија никакви детали за колапсот на нивниот брак, а како што изјавија некои блиски до поранешната двојка, нивната врска била осудена на пропаст поради тоа што Бен бил поприватен, додека Џенифер насекаде зборувала за нивната врска, па дури и снимила филм за тоа.
Афлек сега првпат проговори за разводот и нагласи дека немало никаков скандал, никаква драма.
„Причината поради која не сакам да зборувам за тоа не е затоа што барам виновник, туку затоа што едноставно ми е непријатно. Се чувствувам ранливо“, изјавил тој за „ЏејКју“.
Тој се осврнал и на филмот „Најголемата љубовна приказна никогаш нераскажана“ и неговото учество во третиот дел од тој документарен филм, кој го продуцираше Лопез, а кој е посветен на нивната љубов. Многумина забележаа дека неговиот израз на лицето често изгледа како да му е непријатно и дека делуваше дека тој учествува во проектот само за да ја задоволи Џенифер.
„Размислував – ако сакам да учествувам во ова, сакам да се обидам да го направам тоа искрено и на интересен начин. Мислев дека тоа е интересно. Како што реков претходно, има многу луѓе за кои мислам дека можат да ја поднесат славата многу подобро од мене, а Џенифер е една од тие луѓе“, рекол тој, додавајќи: „Во врските, партнерите честопати немаат ист став кон овие работи. Тогаш се поставува прашањето – како тоа да се усогласи? Јас ја сакам и поддржувам Џенифер, верувам во неа и сакам луѓето тоа да го видат. Но, мора да го прифатиш она што го знаеше од самиот почеток“.
На крајот, Афлек истакнал и дека од овој документарен филм не може да се извлечат многу заклучоци за крајот на нивниот брак.
– Тоа не беше причина за некој голем раскол. Не можете да го гледате тој филм и да кажете: „Сега ми е јасно што се случило – заклучил Афлек.