МОРА ДА БИДЕМЕ СПРЕМНИ НА ГРАНИЦАТА СО БЕЛОРУСИЈА Зеленски повика на внимателност „иако освен силни изјави не гледаме ништо друго“

Освен силни изјави, не гледаме ништо силно, но сепак треба да бидеме подготвени на границата и во регионите, изјави Зеленски кој денеска е во посета на регионот Лавов во западна Украина.

246

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави д ка украинските вооружени сили мора да „бидат подготвени” на границата со Белорусија.

Неговата изјава уследи откако белоруското Министерство за одбрана минатата недела соопшти дека Москва и Минск го засилија заедничкото воено групирање во Белорусија преку испраќање на оружје, војници и специјализирана опрема.






– Разговаравме за заштитата на државната граница, за оперативната состојба на границата со Република Белорусија и за антисубверзивни мерки на овие простори. Освен силни изјави, не гледаме ништо силно, но сепак треба да бидеме подготвени на границата и во регионите – изјави Зеленски кој денеска е во посета на регионот Лавов – западна Украина.

Според западните аналитичари Русија се обидува да ја убеди Белорусија директно да влезе во војната, а Киев предупреди дека Москва би можела да се обиде да ја искористи Белорусија за да започне нова копнена инвазија врз Украина од северен правец.

Поврзани содржини