🎥 МОНТИ ПАЈТОН ПОЛОВИНА ВЕК ВО БОРБА СО ЦЕНЗУРАТА Ова е сцената од „Животот на Брајан“ која застапниците на трансродовата агенда бараат да се забрани
„Сцената со Лорета“ веќе со децении им боде очи на луѓето кои се залагаат за трансродовоста. Погледнете ја сцената и прочитајте го транскриптот. Ова е лектира. Класичен пример зошто и луѓето кои се претставуваат за најлиберални умови и најголеми демократи понекогаш не го трпат сатиричниот поглед на реалноста.
Еве и транскрипт на македонски јазик на целата сцена:
ЏУДИТ: Навистина чувствувам, Реџ, дека секоја антиимперијалистичка група како нашата мора да одразува таква дивергенција на интереси во рамките на својата база на моќ.
РЕЏ: Се согласувам. Френсис?
ФРЕНСИС: Да. Мислам дека гледиштето на Џудит е многу валидно, Реџ, под услов Движењето никогаш да не заборави дека е неотуѓиво право на секој маж…
СТEН: Или жена…
ФРЕНСИС: Или жена… да се ослободи од себе…
СТEН: Или од неа…
ФРЕНСИС: Или нејзината…
РЕЏ: Се согласувам…
ФРЕНСИС: Ти благодарам, брату.,.
СТEН: Или сестро…
ФРЕНСИС: Или сестро. За што зборував јас?
РЕЏ: Мислам дека заврши.
ФРЕНСИС: О. Точно.
РЕЏ: Понатаму, тоа е право по раѓање на секој маж…
СТEН: Или жена…
РЕЏ: Зошто не замолчиш за жените, Стен. Гњавиш…
СТЕН: Жените имаат совршено право да бидат дел од нашето движење, Реџ.
ФРЕНСИС: Зошто секогаш зборуваш за жените, Стен?
СТАН: Сакам да бидам жена.
РЕЏ: Што?!
СТАН: Сакам да бидам жена. Отсега, сакам сите да ме викате „Лорета“.
РЕЏ: Што?!
ЛОРЕТА: Тоа е мое право како маж.
ЏУДИТ: Но, зошто сакаш да бидеш Лорета, Стен?
ЛОРЕТА: Сакам да имам бебиња.
РЕЏ: Сакаш да имаш бебиња?!
ЛОРЕТА: Право на секој маж е да има бебиња, ако сака.
РЕЏ: Но… ти не можеш да имаш бебиња!
ЛОРЕТА: Не ме угнетувај!
РЕЏ: Не те угнетувам, Стен. Немаш матка! Каде ќе се зачне фетусот?! Ќе го чуваш во кутија?!
ЛОРЕТА: (Плаче)
ЏУДИТ: Еве, јас имам идеја… Да претпоставиме дека се согласувате дека тој всушност не може да има бебиња, нема матка, што не е ничија вина, дури ни на Римјаните, но дека може да има право да има бебиња.
ФРЕНСИС: Добра идеја, Џудит. Ќе се бориме против угнетувачите за твоето право да имаш бебиња, брате… Сестро… Извини…
РЕЏ: Која е поентата?
ФРЕНСИС: Што?
РЕЏ: Која е поентата да се бориме за неговото право да има бебиња кога тој не може да има бебиња?!
ФРЕНСИС: Тоа е симбол На нашата борба против угнетувањето.
РЕЏ: Симбол за неговата борба против реалноста…
Вистинските лица на цензорите
Речиси е неверојатно како оваа сцена, напишана, одиграна и снимена во 1979 година, значи пред цели 46 години, ја предвидува сржта на тогашните, но особено на идните дебати околу феминизмот, трансродовоста и родовите идентитети. Оваа сцена веќе половина век се анализира како пример за тоа како Монти Пајтон прават сатира со сериозни социјални теми без експлицитно да навредуваат, туку користејќи ја логиката на ликот како огледало за општествените апсурди.
Но… За жал, не мислат сите така и не се спремни сите да ја прифатат оваа сцена од филмот „Животот на Брајан“ како сатирична алузија на тие дебати, претставени преку призмата на апсурдот. Со притисокот да се отстрани оваа сцена од филмот – филм некогаш и целосно ставан во бункер – некои гласни и агресивни застапници на трансродовата агенда и денес го откриваат го откриваат својот лик на цензори.
Монти Пајтон засега одолева на притисоците. Нема белким да попуштат после половина век притисоци и контроверзи?!