Монструозно: Во Стокхолм мајка 30 години го држела синот затворен во стан
Повеќе шведски медиуми го цитираат роднината кој го пронашол и велат дека мажот лежел на прекривка на подот, дека бил без заби, не можел да зборува и дека телото му било цело со рани и чирови.
Седумдесетгодишна жена е уапсена во Стокхолм бидејќи го држела затворен својот син 30 години, соопштила полицијата.
Мажот на возраст од околу 40 години кој е во многу лоша состојба бил пронајден од роднина во неделата, информира обвинителката Ема Олсон за Ројтерс и додала дека во станот е затворен можеби 30 години.
Повеќе шведски медиуми го цитираат роднината кој го пронашол и велат дека мажот лежел на прекривка на подот, дека бил без заби, не можел да зборува и дека телото му било цело со рани и чирови.
– Сега е во болница… знам дека му е потребна операција – изјавила Олсон која не дала други детали за неговата состојба.
Медиумите пишуваат дека мајката го зела детето од училиште кога имал 12 години. Покрај него на ѕидот имало два календари од 1995 и 1996 година, и дека станот бил валкан, според изјавите на роднините.
Мајката ги негира обвинувањата дека го држела синот заробен и за тешките телесни повреди, ијавила Олсон.
Идентитетот на мајката и на синот засега не се откриваат. Нема ниту објаснување зошто синот бил во заробеништво.
– Истражуваме колку долго синот бил заробен, претпоставуваме дека тоа било многу долго – вели портпаролот на полицијата за Ројтерс.