МОНСТРУОЗЕН ПАР ОСУДЕН НА СМРТ ВО ИНДИЈА Сексуално злоставувале и снимиле 33 момчиња меѓу кои и тригодишни деца

Злосторствата се извршени помеѓу 2010 и 2020 година во областите Банда и Читракут во северната држава Утар Прадеш.

135

Индиски суд осуди брачен пар на смрт за сексуален напад врз 33 момчиња, некои на само тригодишна возраст, и продажба на видеа од злоупотребата на темната мрежа, соопштија денес индиските власти.

Според соопштението на Централното биро за истраги (CBI), на некои од жртвите им била потребна хоспитализација поради повреди на гениталиите здобиени за време на сексуалните напади, објави Фигаро.






Злосторствата се извршени помеѓу 2010 и 2020 година во областите Банда и Читракут во северната држава Утар Прадеш.

Специјален суд го осуди брачниот пар на смрт и ѝ наложи на државната влада да исплати еден милион рупии (околу 11.000 долари) отштета на секоја од жртвите.

Пресудата може да се обжали на повисок суд, објави парискиот весник.

Според CBI, брачниот пар ги намамил своите жртви нудејќи им пристап до онлајн видео игри, како и пари и подароци.

Брачниот пар, исто така, го снимил злоупотребувањето и ги продал видеата и фотографиите на темната мрежа на клиенти во 47 земји, објави „Тајмс оф Индија“.

Во Индија, последните егзекуции беа извршени во март 2020 година, кога четворица мажи осудени за групно силување и убиство на жена во автобус во Њу Делхи во 2012 година беа обесени.

Поврзани содржини