МОНСТРУМОТ ОД МЛАДЕНОВАЦ ЈА ПРИЗНА ВИНАТА ЗА МАСАКРОТ По краток прекин судењето за Урош Блажиќ доби разрешница
Себе сакам да се прогласам за виновен, а не сакам татко ми да биде виновен за нешто само затоа што ми е татко. Знам дека ова што ќе го изјавам ќе предизвика уште повеќе гнев во јавноста, но морам да го кажам. И сакам да го раскажам така како што беше, изјави Урош Блажиќ веднаш откако беше прочитано обвинението против него на почетокот на рочиштето.
„Го разбрав обвинението и се изјаснив за виновен“.
Вака изјави денеска зад говорницата Урош Блажиќ, осомничениот 22-годишник од местото Дубона кај Младеновац кој се товари за ланскиот масакр од 4 мај кој ја зави Србија во црно.
Блажиќ ја призна вината опкружен со седум чувари и со лисици на рацете и на нозете, пренесуваат српските медиуми.
Судењето кое денеска го имаше првото рочиште во Специјалниот суд во Белград беше кратко прекинато откако адвокатот на Блажиќ побара да се консултира со него.
Потоа, откако беше прочитано обвинението Блажиќ изјави:
– Сакам да изразам сочувство до сите роднини и жртви. Не сакам да ме прашува обвинителот, сакам само да одговорам на прашањата што ќе ми ги постави мојот адвокат. Срамота е да се навраќам на таа вечер и на некои потенцијални причини кои ме испровоцираа да пукам. Себе сакам да се прогласам за виновен, а не сакам татко ми да биде виновен за нешто само затоа што ми е татко. Знам дека ова што ќе го изјавам ќе предизвика уште повеќе гнев во јавноста, но морам да го кажам. И сакам да го раскажам така како што беше – додаде тој.
Блажиќ е обвинет за сторено кривично дело тешко убиство и недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи. Киднапирање и неовластено користење туѓо возило.
„Врз основа на прибраните докази во истрагата, постои основано сомнение дека Урош Б. на 04.05.2023 година околу 22,20 часот управувал патничко возило „мерцедес“ во кое носел автоматска пушка произведена од „Застава“, модел 70 АБ2, со извадена механичка со фабрички број, пиштол „Токарев“ ТТ-33 со повеќе рамки муниција за автоматска пушка и пиштол, една рачна бомба М 52, една рачна бомба М 75 и една кумулативна рачна граната М79, дошол до Споменикот „Паднати борци“ во село Мало Орашје, каде забележал група млади луѓе како се дружат и слушаат музика“.