📷 МОНИКА БЕЛУЧИ СЕ СОБЛЕЧЕ ВО ПОДВЕСКИ НА 60 ГОДИНИ Разголената актерка ги „запали“ социјалните мрежи
Италијанската филмска дива Моника Белучи (60), која ја нарекуваат најубава жена на светот, е ѕвездата на новиот број на кинеското издание на магазинот „Ел“.
Италијанската филмска дива Моника Белучи (60), која ја нарекуваат најубава жена на светот, е ѕвездата на новиот број на кинеското издание на магазинот „Ел“. Заносната Италијанка се претстави во цела серија фотографии, во провокативни модни изданија. Секоја фотографија – впечаток за себе.
На фотографиите Моника позираше во тесен фустан и подвски, а обожавателите се воодушевија од нејзиниот изглед.
View this post on Instagram
„Кралица, икона, убавица“, „Секогаш ќе бидеш мојата омилена Бонд девојка“, „Сакам да остарам грациозно како неа“, „Секси жена“, „Уметност“, „Најубавата жена на светот“, беа само дел од коментарите.
На крајот од септември Моника го прослави својот 60-ти роденден, а неодамна, во интервју за списанието „ИО Дона“, таа зборуваше околу стареењето.
„Не само што сè уште сум тука, туку уживам во годините и продолжувам да откривам многу работи. Би кажала дека не можете да се борите и да му објавите војна на времето, кое е далеку посилно од нас: треба да се договорите, да потпишете примирје и да се надевате дека тоа ќе ве помилува. Би сакала да им бидам референтна точка на помладите од мене, како што беа и се моите 80-годишни пријатели за мене“, објасни таа.
View this post on Instagram
Моника е во љубовна врска со Тим Бартон, а двајцата се запознале пред 16 години, додека врската официјално ја потврдија во октомври минатата година, кога се појавија на Филмскиот фестивал во Рим фатени за рака.
„Прво, мило ми е што го запознав овој човек. Тоа е една од оние средби кои ретко се случуваат во животот … Го познавам како човек, го сакам, а сега ќе го запознаам и режисерот, започнува уште една авантура. Го сакам Тим, и многу го почитувам Тим Бартон“, изјави Белучи.
View this post on Instagram