Моника Белучи на одмор во Грција, без шминка, во опуштено издание ФОТО

2,907

На изгледот на Моника Белучи му се восхитуваат жените ширум светот. Таа е некој што ја негува својата кожа и вложува многу на третманите кои го одржуваат нејзиниот младешки изглед, а освен тоа, секогаш е беспрекорно нашминкана.

Сепак, одморот е време кога и лицето е на пауза од шминка, така што ниту актерката не се труди премногу околу својот изглед.






Папараците ја фотографирале во сосема опуштено издание на еден остров во Грција, каде го поминува својот одмор.

Моника се појавила во лелев фустан во многу популарниот дезен и со врзана коса.

Кога фотографиите стигнаа до јавноста, можеше да се слушнат само позитивни коментари. Актерката, дури и без шминка, изгледа феноменална на возраст од 55 години.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини