Италијанската актерка и секс-симбол Моника Белучи денеска го слави 56-тиот роденден.
Веќе 30 години за неа зборуваат дека е најубавата жена на светот, а секоја нова фотографија докажува дека нејзе годините не ѝ оставиле трага.
Кариерата ја започнала уште во 80-те години како модел и манекенка, а наскоро следувале и филмските улоги во италијанските, француските и американските филмови.
Улогата во филмот „Малена“, приказната за изгледот и реакциите што ги предизвикува кај мажите, ја обележаа нејзината кариера.
Сцените од филмот се незаборавни, а 20 години подоцна многу помлади актерки, манекенки и инфуенсерки се обидуваат да ја копираат убавата Моника на фотографиите на кои што таа шета по градот, а група момчиња воодушевено ја гледаат.
Моника во својата кариера не се срамела да го покаже голото тело во филмовите, а некои од сцените во кои што глумела се навистина незаборавни.
На бавата актерка не можеле да ѝ одолеат мажите ширум светот, а не можел ниту 18 години помладиот Николас Лефебвре со кој што е во врска од 2017 година.
Пред врската со него, Моника имала два брака. Од бракот со францускиот актер Винсент Касел има две ќерки, а постарата ќерка Дева веќе станува популарна поради нејзината неверојатна убавина.
ФОТО: Јутјуб