Монета во чест на сер Елтон Џон

315

Британскиот музичар сер Елтон Џон денеска стана вториот уметник за оваа година, со ликот на комеморативна монета на британската Кралска ковница.

Паричката ја дизајнираше Бредли Морган Џонсон, а на неа се прикажани ноти, како и сламен шешир и очила, по коишто Елтон Џон е познат.






Познатиот пејач изјави дека е почестен од ова признание. Сер Елтон Џон ја има добиено и титулата витез, која 1998 година му ја доделила британска кралица Елизабета Втора.

Претходно годинава, своја монета од британската Кралска ковница доби и рок-групата „Квин“.

Поврзани содржини