МОНАРХОФАШИСТИТЕ ЈА ТЕПАЛЕ СО ДРВЕНИ КОЛЦИ, КУНДАЦИ И СО МЕТАЛНА ЖИЦА Мирка Гинова е првата жена егзекутирана во Грција

Кога останала без муниција, била заробена, заедно со шестмината свои другари. Притоа, жандарите брутално се нафрлиле врз неа и со распарчена облека и целата облеана во крв, ја носеле по улиците на Воден, но таа одела со исправена глава и цело време им се смешкала на луѓето кои се собрале да ја видат.

4,549

На 27 јули во 1946 година, по претходна пресуда на прекиот воен суд на Ениџе-Вардарско, грчките монархофашисти ја стрелале Мирка Гинова, истакнат раководител на движењето на отпорот против фашизмот, а воедно и македонска учителка и партизанка.

Таа била првата жена осудена на смрт од еден грчки воен суд, чија пресуда и егзекуција своевремено предизвикала широки протести во прогресивната меѓународна јавност. Нејзината херојска смрт е опеана во повеќе македонски народни песни, а напредната грчка поетеса Рита Буми Папа, во својата книга „Илјада стрелани девојки“ посвети посебни стихови за смртта на Мирка Гинова.






Таа беше член на Воденскиот окружен комитет на НОФ за Егејска Македонија, прва секретарка на АФЖ на Вардарскиот округ и член на КП на Грција. Родена била во селото Русилово, Воденско, во 1916 година. Стрелана е заедно со шест свои собороци.

Во книгата на родените е заведена со грчко име и презиме Ирина Гинис, а иако била брилијантен студент пред војната имала голем проблем да пронајде вработување во Грција.

На 6 јули 1946 година, во местото Долга Ливада на планината Почеп, во близината на Воден, Мирка Гинова формирала мал партизански одред. Набрзо, во една акција на 400 грчки жандарми и војници, одредот бил опколен и започнала борба во која Мирка Гинова (која единствено била вооружена) убила двајца жандари. Кога останала без муниција, била заробена, заедно со шестмината свои другари. Притоа, жандарите брутално се нафрлиле врз неа и, со распарчена облека и целата облеана во крв, ја носеле по улиците на Воден, но таа одела со исправена глава и цело време им се смешкала на луѓето кои се собрале да ја видат. Потоа, започнало ужасно мачење во кое Мирка Гинова била тепана со дрвени колци, кундаци и метална жица, под ноктите ѝ забивале шајки, а низ телото ѝ спроведувале струја. Потоа, таа била жива закопана до висина на вратот, додека жандармите пукале над нејзината глава. По мачењето, Мирка и шесте нејзини другари биле спроведени во Ениџе-Вардар. На судењето кое се одржало во градското училиште на 25 јули 1946 година, воениот суд ја осудил на смрт со стрелање. Заедно со другите соборци, Гинова била стрелана на 27 јули 1946 година.

Покрај неа, стрелани биле и Ристо Стојанов (45), Томе Михаилов (55), Георги Проев (25), Петре Поп Димитров (35), Димитар Лимбов (40) и Горгиос Муцакис – Алеко. За време на судењето, таа ја покажала сета своја храброст.

Поврзани содржини