МОМЕНТОT КОГА СЕ ВЉУБИЛА ВО НЕГО Сопругата на Брус Вилис објави трогателно видео од 2007 година (ВИДЕО)

Сопругата на актерот Брус Вилис, Ема Хеминг Вилис, на својот Инстаграм објави трогателно видео од моментот кога се вљубила во него.

801

Сопругата на актерот Брус Вилис, Ема Хеминг Вилис, на својот Инстаграм објави трогателно видео од моментот кога се вљубила во него. Ема Вилис ја објави снимката во средата, а на неа се гледа како таа и Брус уживаат во зимските радости.

„Тоа беше зима пред 15 години, тогаш до уши се вљубив во Брус. Тој е љубовта на мојот живот“, напишала Ема покрај видеото.

 







Ема и Брус се венчаа во март 2009 година по неколку години врска, а добија две ќерки, Мејбел која има 10 гоидиа и осумгодишната Евелин. Брус ги има и ќерки Талула, Скаут и Румер со поранешната сопруга Деми Мур, а сите се во многу добри односи, особено во изминатите месеци откако на Брус му е дијагностицирана афазија и откако се повлече од светот на глумата.

Скаут и Талула се јавија во коментарите под видеото. „Воодушевена сум од ова видео“, напишала Скаут, а Талула додала: „Топло ми е околу срцето кога го гледам ова“.

Семејството на Вилис кон крајот на март потврди дека на Брус му е дијагностицирана афазија, разорна состојба на мозокот што може да доведе до губење на способноста за разбирање и изразување. Вилис целосно се повлече од јавниот живот, а откако пензионирање речиси и да нема информации за неговото здравје. Она што главно се знае е дека деновите ги поминува со целото големо семејство, вклучително и Деми Мур и децата од претходниот брак, а уживаат во секој заеднички момент.

 

Поврзани содржини