Момчињата на педалинката не знаеле да пливаат и не носеле елеци за спасување
Засега е непознато дали 16-годишникот скокнал или се лизнал од педалниката, а сопственикот на педалинките, пак, тврди дека децата скокале во водата.
Повеќе од 20 часа трае потрагата по 16-годишното момче од Ресен кое исчезна во водите на Преспанското Езеро. Момчето заедно со двајца другари се возело на педалинка, по што му се губи трагата.
Нуркачите, за Телма изјавиле дека трите момчиња биле непливачи, како и дека ниту едно од нив не носело елек за спасување.
Засега е непознато дали 16-годишникот скокнал или се лизнал од педалниката, а сопственикот на педалинките, пак, тврди дека децата скокале во водата.
– Тие учат заедно со моето дете, многу ни е криво. Педалинката беше исправна, не беше превртена, немаше вода во неа. Некој рекол дека педалинката е превртена, нема такво нешто, децата скокаа од педалинката – изјави Ведат Адемовски, сопственик на педалинките за Телма.