По повеќегодишната турбулентна љубовна врска со таткото на своите три деца Скот Дисик, ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан се појави во јавноста со новиот избраник, 45-годишниот рокер Тревис Баркер.
Тие секојдневно ја покажуваат колку се вљубени еден во друг, меѓутоа, Баркер, сега отиде чекор подалеку, изненадувајќи ги следбениците со новите објави на својот инстаграм-профил.
Баркер ѝ го честиташе 42. роденден на Кортни и истакна колку ја сака, а за да му покаже на светот колку се вљубени тој и Кортни, објави серија фотографии од нив заедно и едно видео во кое таа му го цица палецот.
На фотографиите, парот во малку непримерни пози се прегрнува и бакнува, а на една од фотографиите Тревис ја држи ногата на Кортни, додека дел од нејзиниот гол задник исто така влегол во кадарот.
Откако и двајцата објавија заеднички фотографии на своите профили на Инстаграм, со што ги потврдија написите дека се во врска, музичарот ѝ го честита роденденот на саканата со приватни фотографии и бонус видео, кое ги збуни дури и најверните почитувачи на неговиот лик и дело.
Имено, на доста добар дел од нив не им се допадна тоа што Тревис го објавил голиот задник на Кортни, а посебно видеото на кое му го цица палецот крена голем прав во јавноста.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм