НА 12 ГОДИНИ СТАНА НАЈМЛАДИОТ ПЛАТЕН УБИЕЦ ВО ШВЕДСКА! Момче убило човек за 23.000 евра, само се пријавило

Мрежите Телеграм и Сигнал станале новите подземни пазари на смртта. Тинејџери сами се пријавуваат на „понуди“ за ликвидации во замена за пари и статус во криминалниот свет. Организираниот криминал ги користи децата како безбедни пешаци. Шведската влада најави план минималната возраст за кривична одговорност да се намали на 13 години.

556

Момче на 12 години од градот Малме стана најмладиот убиец во шведската историја. Во петокот навечер момчево се симнало од воз, влегло во предградие и испукало неколку куршуми кон автомобил со четворица патници. Еден од нив, 21-годишен маж поврзан со криминални кругови, починал истиот час.

Неколку часа подоцна, детето само се предало на полицијата. Со тоа ја отвори најцрната страница во историјата на земјата позната по социјалниот мир.






Регрутиран на Телеграм, платен преку Сигнал

Истражителите потврдија дека момчето било регрутирано преку социјалните мрежи. Мрежите Телеграм и Сигнал станале новите подземни пазари на смртта. Тинејџери сами се пријавуваат на „понуди“ за ликвидации во замена за пари и статус во криминалниот свет.

Организираниот криминал ги користи децата како безбедни пешаци — тие се малолетни, па и казните им се минимални.

Да се намали кривичната одговорност од 15 на 13 години?

Шведската влада најави план за намалување на возраста за кривична одговорност од 15 на 13 години. Иако идејата треба да испрати порака на одговорност, дел од судскиот систем предупредува дека казната нема да ја победи сиромаштијата, ниту разурнатите семејства.

Новинарот Дијамант Салиху од јавниот сервис SVT предупреди:

– Со намалување на возраста, мафијата ќе почне да користи уште помлади деца – рече тој.

Од бегалец до платен убиец

Момчето потекнува од семејство со насилна историја. Социјалните служби го регистрирале кога имал само една година. На седумгодишна возраст бил згрижен кај баба му. Неколку години подоцна, бил сместен во дом за проблематични деца. Од таму избегал два дена пред убиството.

Полицијата утврдила дека за ликвидацијата му биле ветени 250.000 круни, односно околу 23.000 евра.

– Не веруваме дека детето го испланирало убиството само. Истражуваме кои го поттикнале и му наредиле – изјави портпарол на полицијата во Малме.

„Подобро повеќепати да се повика полицијата пред да е доцна“

Расем Чебил, раководител на истрагите, повика на будност кај родителите:

– Подобро е полицијата да се повика еднаш премногу пати отколку само еднаш. Само така може да се спречи детето да го изгуби животот наопаку – рече тој за Aftonbladet.

Тој верува дека решението е во образованието и раната интервенција, не во казните.

Поврзани содржини