МОМЧЕ СО АУТИЗАМ ЌЕ ПЕЕ НА ДЕТСКИОТ ФЕСТИВАЛ „ТРА ЛА ЛА“ Ние не сме аут, само знаеме понекогаш во себе да се скриеме

Единаесетгодишниот Лука Ристановски кој има аутизам, на 14 декември ќе пее на детскиот фестивал „Тра ла ла“. Со песната со која ќе настапи „Како сите други“, тој порачува: ние не сме аут, само знаеме понекогаш во себе да се скриеме. Сѐ уште тригер за тантруми му се детските гласови, особено оној на неговата помала сестричка Јована, но никогаш немал трема од јавни настапи.

1,209

Лука Ристановски има 11 години, живее со своето семејство во Битола и има аутизам. Главен тригер за неговите напади на бес му се звуците на детскиот говор, а особено го вознемирува оној на неговата помала сестричка Јована, од едноставна причина што неа почесто ја слуша. Иако Лука ја сака сестричката, честопати го вознемирува нејзиниот глас. Заради аутистичниот спектар на нарушувања на Лука, освен детскиот џагор, му пречи и звукот од сирените на возилата и лаењето на кучињата.

За него сме пишувале и претходно бидејќи е навистина посебен, но не во оној контекст кој се подразбира како за дете со посебни потреби, туку е посебен по многу други убави нешта.






Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини