МОМЧЕ ПОЧИНА НА БИНА ВО СРБИЈА На младиот музичар му се слошило среде концерт
За време на културно уметничката програма, на младиот човек му се слошило и нешто после 20 часот, со возило на брза помош бил однесен во болницата во Чачак, изјави за РТС претседателот на локалниот совет на заедницата Мржајевци, Радослав Богишевиќ.
21 годишно момче ненадејно почина за време на настап на културно-уметничкото друштво на манифестацијата „Купусијада“ во Мрчајевци, Србија, јавуваат тамошните медиуми.
За време на културно уметничката програма, на младиот човек му се слошило и нешто после 20 часот, со возило на брза помош бил однесен во болницата во Чачак, изјави за РТС претседателот на локалниот совет на заедницата Мржајевци, Радослав Богишевиќ.
Портпаролот на таа здравствена установа, д -р Билјана Кошовиќ, за РТС потврдила дека младиот човек бил донесен во болницата во Чачак без витални параметри и по долга реанимација без одговор.
По информацијата дека младиот човек почина, програмата „Купусијада“ веднаш беше прекината.