Момче од Виница со мотор удрило полицајка која го стопирала

„На 13.05.2020 на ул.Тодосија Паунов пријавениот со мотоцикл удрил полициска службеничка која извршувала службени дејствија, односно дала знак за запирање на мотоциклот“, наведено е во билтенот.

528

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 17-годишник од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело спречување службено лице во вршење службено дејствие, наведено е во полицискиот билтен.

„На 13.05.2020 на ул.Тодосија Паунов пријавениот со мотоцикл удрил полициска службеничка која извршувала службени дејствија, односно дала знак за запирање на мотоциклот“, наведено е во билтенот.

Поврзани содржини