Момче од Србија влегло во земјава без тест за коронавирус, полицијата го привела

429

Во полициска станица на граничниот премин Табановце, при вршење на пасошка контрола на излез од земјава 26-годишниот М.Д. од Република Србија не приложил изјава за влез со ПЦР тест или транзит и при проверка било констатирано дека на 2.08.2020 на Граничниот премин Блаце му бил одбиен влез за непоседување на ПЦР тест.

По ова било утврдено дека М.Д. остварил илегален влез, а тоа  го потврдил во разговорот со полицијата.






М.Д. бил приведен и предаден на полициски службеници од Куманово за понатамошна постапка“, информира МВР.

Поврзани содржини