МОМЧЕ ОД КУМАНОВО ГО ЗАГУБИ ЖИВОТОТ Со автомобилот удрил во ограда, па во паркирано возило

Како што е наведено во полицискиот билтен, автомобилот „пежо“ во кое се возеле двете момчиња, удрило во ограда и во паркирано возило.

526

Едно момче загина, а друго момче е повредено во тешката сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на улицата Тоде Думба во центарот на Куманово, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што е наведено во полицискиот билтен, автомобилот „пежо“ во кое се возеле двете момчиња, удрило во ограда и во паркирано возило.






„Утрово во 02:36 часот на улицата Тоде Думба патничко моторно возило пежо со кумановски регистарски ознаки во кое се превезувале 26-годишниот П.П. и 29-годишниот Н.С. удрило во ограда и во паркирано возило. На местото на несреќата починал П.П. Лекар од Итната медицинска помош Куманово констатирал смрт“, соопштија од СВР Куманово.

Докторите од кумановската болница констатирале телесни повреди кај Н.С. Екипа на кумановската полиција извршила увид.

Поврзани содржини