Момче од Дебар излегло од самоизолација, се бара затворска изолација од три месеци

390

Дебарското обвинителство со Предлог за издавање казнен налог побара од надлежниот суд на едно лице на возраст од 19 години да му изрече условна осуда со утврдена казна затвор до три месеци, поради постоење основано сомнение дека лицето го сторило кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Обвинетиот на 19 јули 2020 година, информираа денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, бил затекнат надвор од својот дом, иако за него било донесено решение со кое му било определен здравствен надзор и задолжителна самоизолација поради тоа што бил позитивен на вирусот ковид – 19.

Поврзани содржини