Во 03 часот по полноќ било пријавено дека во Скопје, на улица 16 Македонска бригада, на влез-излез од парк-шума Гази Баба, патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(23) од Скопје, излетало надвор од патот.
Можеби ќе ве интересира
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и малолетна сопатничка од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.