МОЛЗЕШЕ КРАВА, ПА СЕ НАПИ СВЕЖО МЛЕКО Наумовски потоа во Ново Село вети градинка

Актуелниот градоначалник им вети на новоселци градинка.

788

Измолза крава и се напи свежо млеко. Вака кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумоски од СДСМ, ја почна посетатана Ново Село.

Тој потоа им  вети на новоселци изградба на нова градинка.






– На месноста викана Блага Вода кај Ново Село и Стопански двор градиме градинка кој ќе згрижува 150 деца. Проектот е веќе прифатен од Министерството за труд и социјална политика. Се предвидува изведба на 10 занимални, кујна, пристапни патеки, современ енергетски ефикасен објект, со еколошки систем на загревање. Покажавме дека нашите ветување се реализирани проекти. За само година и половина изградивме комплетно нова градинка во Волково и три занимални во „Детелинка“ за 90 деца. Досега имаме нови капацитети за околу 300 дечиња. Со овие капитални проекти, Ѓорче Петров за прв пат добива градинки во рурланиот дел. Посветено работиме секое дете да биде згрижено. Ѓорче Петров го има најдоброто за нашата општина а тое е бројот 12 – рече Наумоски.

Поврзани содржини