МОЛОВИТЕ ВО НЕДЕЛА ЌЕ РАБОТАТ ДО 20 ЧАСОТ Двојна дневница за вработените
Како што стои во предлогот кој треба да го изгласаат пратениците, од 10 до 20 часот во недела ќе можат да работат продавниците, киосците и штандовите во трговските центри (молови) кои имаат минимална ефективна површина за трговија на мало од 8.000 квадратни метри.
Моловите во недела и на празник ќе работат до 20, а не до 18 часот како што предложи Министерството за економија, но вработените ќе земаат двојна дневница.
Измените на Законот за трговија со кои за најголемиот дел од трговците неделата ќе биде неработен ден утре се на дневен ред на собраниска седница, а новината во врска со продолжување на работното време за два часа е резултат на вграден амандман предложен од група пратеници од владејачкиот блок, во текот на расправата во надлежните собраниски комисии – за европски прашања и законодавно-правната.
Како што стои во предлогот кој треба да го изгласаат пратениците, од 10 до 20 часот во недела ќе можат да работат продавниците, киосците и штандовите во трговските центри (молови) кои имаат минимална ефективна површина за трговија на мало од 8.000 квадратни метри.
Но, за дозволата за работа во недела продавачите во моловите и самите молови ќе ѝ плаќаат на државата.