МОЛКОТ ЗА КОНТРАОФАНЗИВАТА Е ПОРАДИ НЕДОСТИГ ОД ТЕНКОВИ? Зеленски во клинч со близок соработник

Ако сакате да започнете успешна контраофанзива, ви треба сè што ви стои на располагање. Значи, веројатно немаме доволно, изјави заменик-шефот на кабинетот на Зеленски, додавајќи дека на Украина ѝ се потребни тенкови, оклопни возила и артилерија.

2,773

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е во кавга со еден од најблиските соработници околу тоа дали Украина има доволно оружје да ја започне контраофанзивата, пишува Њузвик. Дали навистина „украинските планови сакаат тишина“, како што неодамна објави Хана Маљар, украинската заменик-министерка за одбрана, односно „нема да има најава“ за почетокот на оваа долго планирана операција како што вели видеото кое го денеска го споделуваат повеќето украински функционери?

 






Игор Жовква, заменик-шефот на канцеларијата на Зеленски за Сандеј тајмс во саботата рече:

– Ако сакате да започнете успешна контраофанзива, ви треба сè што ви стои на располагање. Значи, веројатно немаме доволно – изјави Жовква, додавајќи дека на Украина ѝ се потребни тенкови, оклопни возила и артилерија.

Ова е спротивно со изјавата која ја даде Зеленски на самитот на Европската политичка заедница за Волстрит Џурнал истиот ден. Претседателот рече дека Киев „силно“ верува дека контраофанзивата ќе успее и дека „ние ќе го направиме тоа и ние сме подготвени“.

Зеленски сепак рече дека би сакал да добие повеќе оружје од Западот, „но не можеме да чекаме со месеци“.

Во претходното интервју со повеќе европски јавни радиодифузери, кое беше ставено на располагање на почетокот на минатиот месец, Зеленски рече дека на украинските сили им треба уште повеќе време за да ја започнат својата контраофанзива.

– Можеме да одиме напред и, мислам, да бидеме успешни. Но, би изгубиле многу луѓе. Мислам дека тоа е неприфатливо. Затоа треба да почекаме. Ни треба уште малку време.

Сенаторот Линдзи Греам, републиканец од Јужна Каролина рече дека долгоочекуваната контраофанзива на Киев ќе биде „импресивна“, цитирајќи информации добиени од Зеленски при посета на Киев.

Со или без доволно оружје, за украинската офанзива уште се молчи. Според познатиот Институт за проучување на војната ИСВ од САД, украинските власти почнаа „построго да спроведуваат режим на информативен молк за операциите во подготовка за претстојните контраофанзиви“.

Украина истовремено бара авиони Ф-16 од Западот. Но, ова барање се смета за посебно од најавената контраофанзива. Една од причинте за тоа е што, западните одбранбени експерти рекоа дека и да бидат доставени, Ф16-ките не би биле оперативни на време.

Поврзани содржини