МОЛК ВО ЖЕНЕВА Лавров ги запрепасти новинарите со одговорот на прашањето за здравствената состојба (ВИДЕО)
Видеото со неговиот смешен коментар го објави Министерството за надворешни работи на Телеграм.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се тестираше за вирусот ковид-19 пред средбата на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден во Женева
Видеото со неговиот смешен коментар го објави Министерството за надворешни работи на Телеграм.
На прашањето за резултатите од тестот, Лавров на шега одговори: „Ќе покаже обдукцијата“.
Не изостана ниту коментарот на портпаролот на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, која го сподели видеото на Телеграмот со опис „Најдобар шеф“.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе се сретне со неговиот американски колега Џозеф Бајден во Вила „Ла Гранж“ во Женева.
Како што претходно беше најавено од Кремљ, за време на состанокот на двајцата лидери, беа преземени невидени мерки против вирусот ковид-19 со цел да се осигура безбедноста на сите присутни.