МОЛИТВИ ОД МПЦ ЗА ЗАГИНАТИТЕ И ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ „Нажалена Македонијо, утеха нека ни биде верата“, порача поглаварот Стефан

175

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија со исклучителна тага и жал ја прими злокобната вест за огромната трагедија во Кочани, во која, како што се наведува, животот го загубија голем број на наши млади чеда, а уште многумина се борат за живот.

„Но, и во овие мигови на непоимлива скрб, да не заборавиме дека Бог е Бог на живите и дека во Него нема мртви. Оттаму, иако е невозможно да се најдат човечки зборови за утеха, сепак, утеха на семејствата и блиските, но и на сите нам, нека ни биде верата дека споменот на праведниците е вечен и дека тие вечно ќе постојат во Вечноживиот Бог. Се молиме Троединиот Бог – Богот на љубовта, да ги прими душите на невино постраданите Свои чеда во Едемската градина, а на нивните најмили да им даде утеха и сили, испраќајќи им ја Својата небесна закрила. На повредените, пак, Бог – Лекарот на сѐ, да им дарува брзо закрепнување и исцеление“, се наведува во соопштението од МПЦ-ОА, потпишано од поглаварот Стефан.

 

Поврзани содржини