📽️ МОЛИТВА ЗА МИР ВО БЕЛАТА КУЌА Пасторите се собраа околу Трамп и побараа мудрост од горе
Молитвата ја предводеше пасторот Тим Мулинс кој побара божја милост, заштита на претседателот и мудрост „од горе“, како и заштита на американските војници.
Очите на социјалните мрежи се вперени кон снимка од Овалната соба. Американскиот претседател ја задржа традицијата да покани дваесетина верски водачи на заедничка молитва за нацијата. Средбата кулминираше со собирање околу претседателот, а некои од водачите ги ставија своите раце врз него. Молитвата ја предводеше пасторот Тим Мулинс кој побара божја милост, заштита на претседателот и мудрост „од горе“, како и заштита на американските војници.
Happening Now in the Oval Office at the @WhiteHouse.
God Bless the USA!
🙏❤️🇺🇸🦅 pic.twitter.com/Ebi7DnAnhK
— Dan Scavino (@Scavino47) March 5, 2026