📽 МОЛЕТЕ СЕ ЗА ШМИНКЕРОТ НА ТРАМП Сите зборуваат за „бронзениот тен“ на поранешниот американски претседател
„Што се случува со лицето на Доналд Трамп ? Нормално е портокалово, но оваа боја изгледа болно“, „Молете се за шминкерот на Доналд Трамп“; „Што се случи овде ?“, се дел од коментарите на социјалната мрежа Икс.
Премногу кафеавиот, „бронзен“ тен на поранешниот американски претседател Доналд Трамп стана тема за дебатирање на социјалните мрежи. Снимка од негов настап во Њу Хемпшир направи многумина твитерџии да се запрашаат дали Трамп претерал со пудра или со крема за самопотемнување.
„Што се случува со лицето на Доналд Трамп ? Нормално е портокалово, но оваа боја изгледа болно“, „Молете се за шминкерот на Доналд Трамп“, „Што се случи овде ?“, се дел од коментарите на социјалната мрежа Икс.
Трамп победи на републиканските прелиминарни избори во Њу Хемпшир и тоа во државата каде најголем рејтинг имаше неговата сопартијка и противничка Ники Хејли.
Додека кандидатите Рон Де Сантис и Вивек Рамсвами од републиканската партија се откажаа од трката за претседател во корист на Трамп, сé погласни се анализите дека Бајден ќе има тежок противник на претстојните избори.
What is going on with Trump’s face? It’s usually orange, but this color looks awfully sick. He’s not long for this planet. pic.twitter.com/RFTsf7mkdO
— Rob Israel (@robisraelart) January 24, 2024