МОЛДАВИЈА ГЛАСАШЕ ЗА ПРОЕВРОПСКАТА ПАРТИЈА И ПОКРАЈ ПРИТИСОЦИТЕ Маја Санду ветува членство во ЕУ до 2030 година
Гласалиштата не беа имуни на закани - Министерството за надворешни работи на Молдавија соопшти дека закани за бомби се упатени кон гласачки места во дијаспората, што довело до замрзнување на гласањето на некои локации до два часа.
Партијата на молдавската претседателка Маја Санду, ПАС, освои убедливо мнозинство со 50,03 % од гласовите, според официјалните податоци.
Прорускиот Патриотски блок доби 24,26 %. Излезноста достигна 52,17 %, што е значително над просекот во претходните избори. На претходните избори во 2021 година, ПАС освои 52,80 % од гласовите.
Изборниот ден беше обележан со обвиненија за руско мешање, вклучително дезинформации, закани за бомби и притисоци кон гласачките места.
Дел од извештаите зборуваат и за апсења поврзани со планови за немири, но бројот тројца не е широко потврден. Додон, еден од главните ривали на Санду, јавно повика на протести, тврдејќи дека изборите се наместени.
Гласалиштата не беа имуни на закани – Министерството за надворешни работи на Молдавија соопшти дека закани за бомби се упатени кон гласачки места во дијаспората, што довело до замрзнување на гласањето на некои локации до два часа.
Исто така, службата за ИТ и сајбер безбедност извести за напади врз изборната инфраструктура и државните облачни сервиси, кои биле санирани без да има поголема штета врз изборниот процес.
Санду се обидува да ја зацврсти европската ориентација на земјата и предупреди дека гласањето е пресудно за иднината на демократијата.
ПАС ќе има доволно места во парламентот (55 од 101) за да формира влада без коалиции, што дополнително го засилува европското ветување на Санду.