MOKKA GSE RALLY – ADAC OPEL GSE RALLY CUP 202 Нови стандарди во меѓународното електрично рели
Новото натпреварувачко возило на „Opel“ во првиот електричен рели куп од еден производител во светот ветува „Grand Sport Electric“ во секоја смисла на зборот, вклучувајќи возбуда, брзина и електрифицирани емоции.
Помоќно, поинтернационално, повозбудливо: почетокот на сезоната на „ADAC Opel GSE Rally Cup“ во 2026 година можеби е далеку повеќе од три месеци, но веќе станува очигледно дека целосно електричниот рели куп од еден производител ќе постави нови стандарди во меѓународното електрично рели.
Благодарение на атрактивниот распоред со седум трки во шест земји, вклучувајќи го традиционалното рели Санремо во Италија, и дебито во сезоната на новата „Opel Mokka GSE Rally“, интересот на бројни возачи на рели и тимови од цела Европа е „разбуден“.
Новото натпреварувачко возило на „Opel“ во првиот електричен рели куп од еден производител во светот ветува „Grand Sport Electric“ во секоја смисла на зборот, вклучувајќи возбуда, брзина и електрифицирани емоции.
Со моќност до 207 kW (281 КС), вртежен момент до 345 Nm и совршено подесена шасија, моќниот електричен автомобил дава многу пријатен пакет за возачите. Доказ за тоа беше тест настанот организиран од „Opel Motorsport“, каде што вкупно 26 возачи од цела Европа можеа да добијат впечаток за перформансите на новиот целосно електричен рели тркач од „Rüsselsheim“.
Некои од нив ќе бидат вклучени во битката за титулата на „ADAC Opel GSE Rally Cup 2026“.
Развојната програма на „Mokka GSE Rally“ сè уште оди според планот и ќе биде завршена на пролет, со хомологација како прво возило според новите прописи „eRally5“.
Рели тимовите и возачите сега можат да го нарачаат рели автомобилот со електрични батерии со „GSE DNK“ и перформанси на ниво „Rally4“ возило. Испораката на возилата за клиенти е закажана за втората половина на април, така што тимовите ќе имаат доволно време за подготовка пред почетокот на сезоната на „ADAC Opel GSE Rally Cup“ на „ELE Rally“ околу Ајндховен во Холандија.